Директорот на Клиника за неврологија позитивен на Ковид 19

Диоектор на неврологија

Директорот на Клиниката за неврологија, доктор Иван Барбов е позитивен на коронавирусот и е во изолација. Тој за „Слободен печат“ тврди дека се тестирал со ПЦР метода во Институтот за јавно здравје, поради контакт со повеќе позитивни пациенти кои ги прегледувал изминатите денови.

– Да не направев тест немаше да знам воопшто бидејќи немам никакви симптоми. Веќе доставив список на моите контакти но сите биле со заштита и претежно на работното место каде постојано носиме заштита, ни рече докторот.

Тој од вчера е во домашна самоизолација.

– Во изминативе 4 месеци секојдневно бев на работа, не се поштедив со ротации. Се со цел подобро да ја организирам работата на клиниката и да бидам достапен за сите пациенти. Постојано носев маска на работа и надвор во затворени простории. Почитувајте ги препораките и чувајте се- порачува директорот на Клиниката за неврологија, доктор Иван Барбов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот