Директорката на Централниот регистар му врачи отказ на Емил Јакимовски

Фото: Фејсбук

Емил Јакимовски кој деновиве се закануваше со говор на омраза и недолични навреди кон новинарката Мери Јордановска, кон градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и кон директорката на Централен регистар Марија Бошковска Јанковски, доби отказ од Централен регистар.

Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски, на својот Фејсбк профил објави дека вработениот Емил Јакимовски добил решение за прстанок на работниот однос.

Емил Јакимовски кој деновиве се закануваше со говор на омраза и недолични навреди кон новинарката Мери Јордановска, кон градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и кон директорката на Централен регистар Марија Бошковска Јанковски, доби отказ од Централен регистар.

Во прилог прочитајте го нејзиниот статус:

„Денес 12.01.2020 година (недела) како директор на Централен регистар на Република Северна Македонија донесов решение за престанок на работниот однос на лицето Емил Јакимовски поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар.
Имено Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договорот за вработување според кои иако вработениот задолжително треба да го чува, сепак не го чувал угледот на работодавачот и не се воздржувал од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши се штетни или ги повредуваат интересите на работодавачот, професионално не се однесувал спрема другите вработени и странките, не ја респектирал хиерархијата и не се однесувал согласно Кодексот на однесување на работодавачот и пропишаните правила за ред и дисциплина кај работодавачот“, пишива директорката на Фејсбук.

https://www.facebook.com/marija.boskovskajankovski?fref=nf

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот