Димовски: За пропустот со НАТО сертификатите да се утврди одговорност!

За пропустот со доделените НАТО сертификати кои паднаа на испитот во Брисел, треба да се сноси одговорност, вели професорот на Факулетот за безбедност, Злате Димовски, за „Слободен печат“. Според него мора да се констатира кој ставил потпис кај нас за пристапот до класифицирани информации, иако после проверките на Алијансата не ја заслужува оваа привилегија.

-Сега проверките се подлабоки, но сепак НАТО ги проверува информациите што ги имаат националните држави, односно тие сега ги користат нашите евиденции, врз основа на кои овие лица веќе добиле НАТО безбедносен сертификат. Мора да се постави прашањето каде се греши. Кај нас често се оди по линија на помал отпор. Треба да се преиспита дали Дирекцијата соодветно ги реализирала проверките во содејство со надлежните служби. Очигледно, се прават пропусти по основ на блискост, симпатичност или политикантство, што мора да е исклучено од безбедносниот сектор. Ако проверките се прават „од денес за утре“ мора да се преиспита кој ставил потпис на одобреното барање, смета професорот Димовски.

Од она што е досега познато, две лица од вкупно предложените 150 не добија зелено светло од воениот сојуз, иако ги поминале домашните филтри. Претходно претседателот на државата, Стево Пендаровски изјави дека оваа бројка може да достигне до 15. Меѓу нив е и кандидатот за воен претставник на Македонија во НАТО, а во меѓувреме се разговара за ново име, кое најверојатно ќе произлезе од оние што добиле позитивен одговор од Алијансата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот