Димитров: Мислам дека многу тенисери нема да играат на УС Опен

григор димитров/ EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Бугарскиот тенисер Григор Димитров заедно со Новак Ѓоковиќ е дел од „Адриа тур“ серијата, а наредна станива е Задар.

Димитров даде свое видување на одлуката УС Опен сепак да се одржи под строги безбедносни и медицински протоколи, но тој смета дека тоа ќе ги натера тенисерите да не учествуваат на грен слем турнирот во Њујорк.

– Доколку се земе во предвид моментната состојба, многу е тешко и не сум сигурен дека можам да се посветам на тенисот и да кажам дека ќе бидам таму. Уште многу работи мора да се променат. Секогаш е тешко за тенисерите, посебно кога се обидуваме да се слушне и нашето мислење и со своите ставови да направиме разлика, така што мислам дека јас и останатите ќе почекаме со конечната одлука и ќе следиме како ќе се одвиваат работите. Доколку остане актуелната состојба, мислам дека многу тенисери нема да играат во Њујорк – изјави Димитров за Спортклуб телевизијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот