Димитријевиќ во одлична форма пред квалификациите за ЕП, најефикасен против Енисеј

фото: vtb-league.com

Денеска во рамките од ВТБ лигата кошаркарите на Уникс Казан убедливо со 107:84 славеше против Енисеј.

Својата одлична форма уште еднаш ја потврди македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој беше прв стрелец во својата екипа со 17 поени за нешто над 26 поминати минути на паркетот. Воедно запиша и три скокови, седум асистенции и две украдени топки.

Истиот учинок на поени го имаше и неговиот тимски колега Најт Маркос, а на спротивната страна најефикасни беа Мартин Џеремаја со 22 и Рејтан-Мејс Ксавиер со 19 поени.

ЦСКА Москва на нашиот тренер Емил Рајковиќ останува првопласиран (22-4), а на второто место е Уникс Казан (21-6).

Следуваат репрезентативните обврски, а новиот меч тимот на Димитријевиќ во натпреварувањето ќе го има на 2 март на домашен терен против Локомотив Кубан.

Потсетување дека најдобрата македонска селекција на 22 февруари ќе ги почне квалификациите за пласман на Евробаскет 2025, а прв ривал ќе биде репрезентацијата на Естонија во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот