Димитриевски: Не дозволив да загрозам ничие здравје со моето однесување

Димитриевски вели дека првиот тест направен пред две недели бил негативен, членовите на штабот немале никакви симптоми и дека најмалку очекувале позитивни тестови од членовите на штабот.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во денешната објава на ФБ профилот, вели дека поради големиот број информации кои излегле во јавноста за како што вели, дека тој и членовите на штабот наводно биле неодговорни кон заедницата, изјавува дека во ниту еден момент не дозволил да загрози нечие здравје

„Во ниеден момент не сум дозволил да загрозам нечие здравје со моето однесување. Резултатите од тестовите што по вторпат се прават за целиот Кризен штаб и придружните членови и луѓе ангажирани во ризични подрачја ги чекавме пет дена. Средбата во Куманово со владини претставници не беше остварена на моја покана, туку на барање на Владата. Информацијата дека постојано се прават проверки на здравјето на лицата од општинскиот кризен штаб е јавна и ја знаат сите членови на штабот и институциите на Министерството за здравство на локално ниво“, вели во објавата Димитриевски.

Тој додава дека средбата се остварила за дополнително брифирање на Владата и елаборација на фактичката состојба на терен поврзана со епидемијата за која, нагласува укажувале со недели.

„Сите присутни носеа маски, освен во момент кога техничкиот премиер Оливер Спасовски и јас дававме изјави за медиумите, но државме препорачана дистанца“, стои во објавата.

Димитриевски вели дека првиот тест направен пред две недели бил негативен, членовите на штабот немале никакви симптоми и дека најмалку очекувале позитивни тестови од членовите на штабот.

„Очигледно големите контакти со луѓе во обид да се разрешат сите проблеми во градот со вирусот КОВИД 19, придонесе пет члена од општинскиот штаб да имаат позитивни тестови и сите тие од различни институции. Се поставува прашање, ако се следат епидемиолошките алгоритми на комисијата за заразни болести, како досега не бевме оценети како ризични бидејќи, очигледно сме заразени од лице кое веќе имало вирус- вели Димитриевски.

Тој во објавата пишува дека Куманово е град со најголем број случаи по број на жители, дека секој, а тој најмногу носи одговорност и поради тоа со недели барал изолација од Владата.

„Истата нека ја утврди фактичката состојба и евентуалните системски недостатоци, пропусти и одговорност“, вели Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник пишува дека не сака оваа ситуација да прерасне во непотребна дебата и нагласува дека сите мора заеднички да ги насочат силите и да се порази епидемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот