ДИК потрошила 60 тони хартија за изборите, Даштевски и натаму тврди дека машините за отпечатоци работеле скоро беспрекорно

Александар Даштевски, претседател на ДИК / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, оцени дека изборите во однос на првиот круг се успешни. Тој изјави дека излезноста на локалните избори во првиот круг е околу 51,5 проценти.

Во дневникот на ТВ Сител, Даштевски истакна дека до ДИК се стигнати неколку приговори, а рокот за поднесување приговори истекува 48 часа по изборите, односно денеска. Во однос на решенијата за уверение за завршени избори, тие ќе бидат издадени десет дена по завршување на изборите, односно во ноември.

– Овие избори се најголеми избори досега, потрошени се 60 тона хартија и испринтани се 45 милиони ливчиња и затоа беа многу тешки да се спроведат, додаде претседателот на ДИК.

Во 99 проценти од избирачките места, уредите за отчитување отпечаток од прст работеа добро, рече Даштевски и додаде дека во текот на денот донел само шест решенија со коишто се преминува на класично гласање, што во главно биле планински места.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот