„Дијамантот“ Елмас меѓу највештите плејмејкери во Серија А

Македонецот има многу висок процент во прецизноста на додавањата, и тоа на противничката половина (91,5 процент).

Наполи до прекинот на најсилното италијанско првенство поради пандемијата на коронавирусот имаше променлива сезона и се наоѓаше на шестото место.

Клубот со Карло Анчелоти не го започна најдобро шампионатот, па дојде замената Џенаро Гатузо кој успеа со екипата од „Сан Паоло“ да оствари четири победи во последните пет кола и на тој начин барем се вратија шансите и за настап во еврокуповите.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ја игра првата сезона во дресот на „наполитанците“ и забележа досега 16 настапи во првенството, со еден гол во победата над Сампдорија.

На 20-годишниот фудбалер му предвидуваат голема иднина, нашиот фудбалски „Дијамант“ е веќе еден од главните носители во најдобрата македонска репрезентација.

фото: твитер

Своевремено додека беше во турскиот Фенербахче имаше пофалби од тогашниот тренер, поранешниот холандски репрезентативец Филип Коку, а сега и една од легендите на Милан, Гатузо смета нашиот играч може да внесе вистински дух на теренот кога на тимот не му оди најдобро.

Статистички досега како што пренесува веб порталот „90min.in“, Елмас е меѓу највештите плејмејкери во италијанската Серија А, па може и да се каже во Топ 5 европските фудбалски лиги.

Македонецот има многу висок процент во прецизноста на додавањата, и тоа на противничката половина (91,5 процент).

Може да се пофали уште еден негов соиграч, Фабиан Руиз со најмногу успешни додавања (1,488), како и најмногу успешни додавања на противничката половина (932).

Има уште неколку интересни податоци, па така највисок процент во прецизноста на додавањата има фудбалерот на Сасуоло, Марлос Сантос (94.1 процент), потоа најмногу асистенции има Луис Алберто од Лацио (12), а истиот играч има и најмногу создадени шанси (75).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот