Дијабетес тип 2: Пет предупредувачки знаци наутро дека нивото на шеќер во крвта е превисоко

дијабетес
Фото: Профимедиа

Дијабетес тип 2 е комплицирана состојба и како таква, лицата што страдаат од неа можно е да не знаат како нивното ниво на шеќер во крвта може да се промени во текот на денот.

Утротот е најважната точка за дијабетичарите за да се осигураат дека шеќерот во крвта им е здрав, бидејќи феноменот на зората може да има влијание врз нивното тело во текот на денот.

Кои се петте главни симптоми што укажуваат на тоа дека шеќерот во крвта ви е премногу висок наутро?

Дијабетес тип 2 е резултат на дисфункција во начинот на кој телото го обработува хормонот инсулин. Инсулинот има многу важни улоги, но високо на листата е регулирањето на шеќерот во крвта – главните видови шеќер што се наоѓаат во крвта. Лошото производство на инсулин доведува до нерегулирани нивоа на шеќер во крвта, особено во утринските часови.

Феноменот на зората е природен пораст на шеќерот во крвта што се јавува во раните утрински часови. Промената на нивоата на шеќер во крвта се јавува како резултат на хормоналните промени во телото.

Телото нормално користи инсулин за да се справи со овој пораст на шеќерот во крвта, но телото на личност со дијабетес не произведува доволно инсулин или не е во состојба правилно да го користи инсулинот.

Како резултат на тоа, личноста ќе ги почувствува последиците од високото ниво на шеќер во крвта.

Според „Медикал њуз тудеј“, петте клучни симптоми за да го забележите предупредувањето за феноменот на зората вклучуваат:

– Слабост
– Гадење
– Замаглен вид
– Дезориентација
– Екстремна жед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот