Дигитална видеопромоција: Драмски текстови и етиди од Миа Николоска

Во издание на Македонскиот центар на ИТИ/Продукција излезе е-книга со драмски текстови на младата драмска авторка и драматург Миа Николоска. Книгата ги содржи драмскиот текст „инКВИЗиција“ и драмските етиди „Смелл-лост“ и „Тим-обајл“.

Дигиталната видеопромоција на е-книгата се одржа со целодневно споделување на социјалните мрежи. Авторката Миа Николоска е студент на Одделот за драматургија, драмско пишување и сценаристика на ФДУ – Скопје.

Македонскиот центар на ИТИ/Продукција го поддржува и го истакнува развојот на современата домашна женска драматургија и драматика со меѓународна дигитална промоција и дистрибуција, а ги поддржува и авторките и авторите на современата домашна младинска и возрасна драмска уметност.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 32, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 23-25 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот