Ди Мајо ги повика туристите да се вратат во Италија, целата земја не е ризична зона

„Во Италија има само две потврдени жаришта на север, и само десетина општини се погодени со новата епидемија и не треба да бидеме казнети затоа што правиме повеќе контрола, рече Ди Мајо,

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо ги повика сите странски туристи да се вратат во Италија каде првпат се појавија сомнежи за валидноста на официјалната методологија за регистрирање на заразени од новиот коронавирус.

Италијанската цивилна заштита соопшти дека бројот на заразени денеска изнесува 528 лица во однос на вчерашната бројка од 400 лица, а бројот на починати е 14, во однос на вчерашниот ден кога изнесуваше 12.

Високи претставници кои ја надгледуваат кризата со коронавирус во Италија ја критикуваа таа методологија и објавувањето на податоците засновани според неа.

Валтер Рикарди, италијански член на Светската здравствена организација, кој ја советува Владата на Џузепе Конте, упати критики поради тоа што Италија прави премногу тестови.
Од петокот во Италија се направени 11.085 тестови, додека во Франција 400.

Поради големиот број заразени со коронавирус во Италија од петокот почна откажувањето на туристичките аранжмани, меѓу кои и во места кои се далеку од жариштето на епидемијата.

– Нашите деца одат во училиште. Ако нашите деца одат во училиште тогаш и туристите и бизнисмените можат да дојдат, изјави Ди Мајо за странските новинари во Рим.

Тој рече дека во Италија има само две потврдени жаришта (на север) и дека од околу 7.000 општини десетина се погодени со новата епидемија.

– Не треба да бидеме казнети затоа што правиме повеќе контрола, рече Ди Мајо, додавајќи дека никој не сака да ја минимизира сериозноста на ситуацијата, но изрази жалење што цела Италија во вестите се претставува како ризична зона.

Според него, тоа и нанесува штета на италијанската економија.

Така, на пример, изнајмувањето хотелски соби во Милано, кој е на 60-тина километри од жариштето на заразата, од вообичаените 85-90 отсто во овој период падна на 20 отсто.

Во Рим, кој е далеку од жариштето, повеќе од 50 отсто од резервациите до крајот на мај се откажани.
Исто така, откажани се и саемите во Милано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот