Џонсон: Неуспех во отворањето на училиштата не е опција

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен Печат

Британскиот премиер Борис Џонсон им порача на своите соработници дека „неуспех со отворањето на училишта не е опција”, пренесува „Сандеј телеграф”.

Претходно овој месец, Џонсон кажа дека отворањето на училиштата во септември е социјален, економски и морален императив, инсистирајќи на тоа дека тоа може да се направи на безбеден начин, и покрај пандемијата.

„Сандеј тајмс” објави овој месец дека британскиот премиер наредил започнување кампања за да се обезбеди навремено отворање на училиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот