Џонсон ги пречека генералниот секретар на ОН и лидерите на Јужна Кореја, Австралија и ЈАР како гости на самитот Г7

epa09265198 British Prime Minister Boris Johnson (2-R) and his wife Carrie (R) welcome South Korea's President Moon Jae-in (2-L) and first lady Kim Jung-sook (L) during the G7 Summit in Carbis Bay, Britain, 12 June 2021. Britain hosts the Group of Seven (G7) summit in Cornwall from 11 to 13 June 2021. EPA-EFE/Hollie Adams / POOL

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери попладнево го пречекаа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и лидерите на Јужна Кореја, Австралија и Јужна Африка, кои пристигнаа на самитот на Г7 како гости.

Лидерите се поздравија и се фотографираа на групна фотографија на плажата во Корнвол, на југо-западот од Англија, местото на кое се одржува самитот.

Групата од седум најразвиени светски економии се состои од Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Канада и Јапонија.

Британската Влада ги покани земјите гости да учествуваат на самитот во рамките на агендата на Џонсон „Глобална Британија”, бидејќи, како што објави владата, тие можат да им помогнат на претставниците на Г7 да ја „интензивираат соработката на демократските и технолошки напредните држави”.

На самитот, исто така, беше поканета и Индија, но нејзината делегација нема да присуствува физички поради сериозната состојба со коронавирусот во земјата.

Лидерите се очекува утре, на крајот од тридневниот самит, да ја усвојат „Декларацијата од Карбис беј”, што ќе ги обврзе да се борат против сите идни пандемии во рок од 100 дена по избувнувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот