Џо Бајден во 1979 година му напишал писмо на Јосип Броз Тито: „Уживав во нашата размена на ставови“

Profimedia/Twitter
Profimedia/Twitter

Џо Бајден во 1973 година бил избран за сенатор на сојузната дежава Делвер, па во Сенатот набрзо станал член на Одборот за надворешна политика. Во тоа својство 37-годишниот Бајден кон крајот на 1970-те години ја посетил Југославија за да присуствува на погребот на Едвард Кардељ.

По тој повод во 1979 година Bајден му упатил писмо на Јосип Броз Тито.

Еве што му напишал.

Драг господине претседател,

Како член на американската делегација, би сакал уште еднаш да ви се заблагодарам за вашето великодушно гостопримство за време на мојата неодамнешна посета на Југославија по повод церемониите посветени на тажната смрт на Едвард Кардељ. Беше убаво од вас што ме примивте и уживав во нашата размена на ставови. Се надевам дека ќе можам повторно да ја посетам вашата прекрасна и интересна земја во некоја посреќна прилика“.

Image
Twitter

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот