Џим Кери повторно го нападна Доналд Трамп: Бруталниот цртеж на актерот предизвика лавина од коментари (ФОТО)

Фото: Профмедиа

Не е ништо ново дека Џим Кери нема убаво мислење за Доналд Трамп. Актерот повторно „удри“ по актуелниот претседател на Соединетите држави, објавувајќи цртеж што предизвика големо внимание на социјалните мрежи.

Бидејќи Америка, како и целиот свет, се бори со коронавирусот, Кери не го поштеди Трамп и индиректно посочи дека не работи добра работа во сузбивање на овој вирус.

„180.000 мртви“, напиша Џим.

На цртежот има човек на респиратор, а на главата има капа на која пишува „Направи Америка да умре за него“.

Потсетуваме дека слоганот на Трамп за претседателските избори беше „Направи ја Америка одлична повторно“.

Цртежот предизвика лавина коментари. Некои напишаа дека Кери „погоди точка“, а некои дека ова е лош потег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот