Џенифер Лопез откри кој ќе ја испрати до олтарот за третиот брак – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Џенифер Лопез откри кој ќе ја испрати до олтарот за третиот брак

Парот уживаше на одмор кога Алекс се одлучи да клекне пред својата сакана и ја праша дали сака да се омажи за него.

Џенифер Лопез откри дека, иако допрва треба да го одреди датумот на венчавката со Алекс Родригез, постои едно што е сигурно, а тоа е дека синот Макс ќе ја испрати до олтарот.

Пејачката и актерка откри дека за својот трет брак ќе ја прекрши традицијата и ќе дозволи да ја испрати нејзиниот сил наместо таткото Давид.

Макс и неговата сестра близначка Ема, Џенифер ги доби со поранешниот маж Марк Ентони.

Да потсетиме, латино дивата Џенифер Лопез, на почетокот на март се вери за поранешниот безбол играч Алекс Родригез по две години врска.

Парот уживаше на одмор кога Алекс се одлучи да клекне пред својата сакана и ја праша дали сака да се омажи за него.

View this post on Instagram

3.9.19✨♥️

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close