Џенифер Анистон по повеќе од десет години призна што украла од снимањето на серијата „Пријатели“

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Сега кога милионите обожаватели ширум светот бројат денови до премиерата на специјалната епизода и повторното обединување на „Пријатели“, Џенифер Анистон откри интересен детаљ за кој молчела со години.

Иако нејзиниот лик, Рејчел Грин во серијата беше позната вљубеничка во модата и прекрасниот стил на облекување, кога станува збор за „земање сувенири“ од сетот, Џенифер Анистон посегнала во гардероберот на друг лик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Имено, за време на интервју за магазинот „People“, 52-годишната Џенифер Анистон откри дека пред повеќе од една деценија за време на снимањето на серијата си зела специјално парче облека од плакарот на нејзината пријателка Кортни Кокс, која ја играше Моника Гелер.

Отидов кај нејзиниот плакар на сетот и го зедов фустанот што го носеше Моника“, откри Џенифер Анистон и додаде дека дури и по една деценија сè уште сака да го носи во многу комбинации.

Сè уште го чувам и го носам. Сè уште одлично ми одговара. Тоа е цветен фустан со црна тантела и оние мали, ситни цвеќиња, со „V“ и мали ракави“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

И додека Кортни Кокс не „украла“ ништо од сетот, Лиза Кудроу си ги зела прстените што ги носеше нејзиниот лик Фиби Бафај за спомен, како и теглата за колачиња „Cookie Time“ која за неа ја „украл“ Метју Пери.

Дејвид Швимер решил да го украси својот дом со постер на „Професорот Гелер“ од неговата канцеларија, а некое време се возел со регистарска табличка „Ги сакам пријатели“, која, без негово знаење, му ја наместил Мет Лебланк. Како што открија, му требало една недела да го забележи тој детаљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот