Џејми Ли Кертис за борбата со зависностите: 22 години без капка алкохол и опијати

Instagram
Instagram

Фотографија од нејзините помлади денови, на која држи чаша алкохол во раката, во средата Џејми Ли Кертис ја објави на својот инстаграм – профил, со која познатата холивудска актерка се отвори за својата зависност и патот кон трезвеноста.

Instagram
Instagram

„Еднаш, многу одамна – во далечна, далечна галаксија – бев млада ѕвезда во војна со самата себе. Тогаш не знаев. Грабав сè пред себе и го чував скриено. Бев исто толку болна како и моите тајни“, ја започна својата исповед Кертис и им се заблагодари на сите што и помогнаа да се отрезни.

„Со Божја благодет и поддршка од многу луѓе, кои можат да бидат поврзани со сите овие чувства, и неколку ангели на трезвеност… успеав да останам трезна ден за ден, цели 22 години“, напиша Кертис, додавајќи дека таа  е една од оние алкохоличари кои го допреле дното, па затоа една од ретките фотографии на која гордо пие е многу корисна во сеќавањето на тоа време.

„На сите што се борат и на оние кои се на тој пат… Мојата рака на твојата“, го заврши обраќањето Кертис, повикувајќи се на нејзината добротворна организација „ My Hand in Yours “.

Instagram
Instagram

Познатата актерка има семејна историја на зависности. Нејзиниот татко, актерот Тони Кертис, се борел со зависност од алкохол, кокаин и хероин, а полубратот Николас Кертис почина во 1994 година од предозирање со хероин.

Во 2018 година, Кертис зборуваше за списанието „People“ за нејзината десетгодишна зависност од опијати, откривајќи дека опијатите првпат и биле препишани во 1989 година, по мала пластична операција за „наследени отечени очи“.

Следните десет години, открива Кертис, земала лекови против болки така што доаѓала до нив на секакви начини, па дури и крадела од домовите на нејзините пријателите и семејството. Ги украла и од нејзината постара сестра Кели, која првпат дознала за нејзината зависност во 1998 година.

„Десет години успеав да го сокријам својот проблем, сите кражба и никој не знаеше ништо за тоа“, рече Кертис, која по тоа го посетила и првиот состанок за поддршка и закрепнување од зависности во февруари 1999 година. На тој ден, за прв пат, таа ја признала својата зависност на нејзиниот сопруг Кристофер Гест, актер и режисер, со кого била во брак 36 години.

„Го прекинувам кругот што ги уништи животите на неколку генерации од моето семејство. Отрезнувањето е моето најголемо достигнување, поголемо од мојот сопруг, поголемо од моите деца и поголемо од секоја работа, успех, неуспех. Било што“, рече тогаш актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот