Џастин Трудо и неговата сопруга Софи се вакцинираа со „Астра-Зенека“

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот.

Трудо се вакцинираше со Астра Зенека во една аптека во Отава.

– Многу сум возбуден, изјави канадскиот премиер непосредно пред вакцинацијата.

Заедно со Трудо се имунизираше и неговата сопруга Софи, која беше заразена со ковид-19 на почетокот на пандемијата минатата година.

Видео на денот