ДЕТЕКТИВИТЕ ОТКРИЈА ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ: Еве што е пронајдено во собата на Мајкл Џексон по неговата СМРТ!

Деталите се изнесени во новиот документарен филм за Мајкл Џексон во кој тројцата детективи го откриваат текот на истрагата која следела по потврдата дека пејачот починал во својот дом на 25 јуни 2009 годинa.

Многу полемики покрена веста за неговата смрт за која во 2011 година беше осуден на две години затвор неговиот личен доктор Конрад Мареј поради недозволени комбинации и дозата на лекови која му ја дал на Мајкл Џексон.

Мареј ја одлежа казната, а сега детективите Орландо Мартинез, Ден Мајерс и Скот Смит, откриваат што пронашле во собата во која Мајкл Џексон беше пронајден мртов.

„Имаше забелешки, парчиња хартија залепени насекаде по собата, огледала и врата со кратки натписи и изрази“ – изјавиле тие и додале дека спалната соба била цела во неред, а дека некои од тие натписи биле како зборовите од песните.

„Кога што влеговме во собата во која што Конрад го лечеше Мајкл, на креветот најдовме компјутер, на креветот имаше и шарена кукла и фотографија со бебе која личи на оние од рекламите“ – истакнале тие.

Детективите изјавиле дека собата не личела на оние соби во кои некој би можел да се лекува, но дека таму ја пронашле ташната на доктор Мареј во која бил лекот за кој се смета дека го усмртил Мајкл Џексон.

Како што велат, нашле и еден тон отпад, игли, празни шишиња, и се она што всушност не требало да биде таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот