Дете се сопнало на вреќа со човечки коски на гробиштата „Бутел“, мајката бара одговорност

Скопјанка на социјалните мрежи напиша вознемирувачка објава, во која алармира за несоодветен третман на посмртни останки на гробиштата „Бутел“.

Според сведоштво на жената, додека била на гробиштата со нејзините деца, виделе вреќа со човечки коски оставена на сред патека. Таа вели дека нејзиното дете се сопнало на вреќата и мислеле дека е градежен отпад, но тогаш сфатиле дека внатре има човечки коски.

Објавата на Амела Мемиш Апостоловска на Фејсбук ја вознемири јавноста и предизвика остри реакции поради несоодветниот третман на човечките останки.

„Со ќерка ми се доближивме да ја тргнеме. Помислив дека е градежен материјал. И во тој момент сфативме што има внатре бидејќи и самите ги допревме. Човечки коски. Да. Коски. Останки од нечие тело, обележани само со број, без име, без достоинство. И најстрашното ние ги допревме со раце, обидувајќи се да ја тргнеме вреќата за да го заштитиме Леон да не се сопне повторно“, пишува Апостоловска.

Таа дополнително наведува дека во непосредна близина забележале и свежо прекопан гроб без обележје, со оштетени делови, што, според неа, укажува на постапка на ексхумација по истек на законскиот рок за одржување на гробното место.

Апостоловска нагласува дека и во случаи кога се врши ексхумација, законите предвидуваат достоинствен третман и соодветно складирање на посмртните останки, а не нивно оставање на отворен простор, достапен за посетителите.

Таа побара од АД Бутел објаснување за начинот на постапување, како и одговорност за ваквите ситуации.

„Ова не е само лична болка, туку прашање на човечност. Мртвите заслужуваат достоинство“, наведува таа.

Засега нема официјална реакција од надлежните институции за наводите изнесени во објавата.

Како на филм — насилници во Демиркаписко грабнале момче и го тепале во шума, го терале да признае дека силувало жена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот