Детали од вашиот сексуален живот кои не треба да ги споделувате со вашите пријателки

Секс, љубов, пар
Фото: Tom Merton / Caia Image / Profimedia

Женското пријателство е непроценлива врска која го прави животот поубав и исполнет. Најдобрите пријателки се секогаш тука и речиси никогаш нема цензура во слатките женски разговори. Дури и родовата психологија заклучи дека природниот начин за поврзување на жените е преку споделување на најличните детали, пишува „Дневник“.

Жените сакаат да знаат дека не се сами во нивните грижи, борби и фрустрации, па затоа неретко споделуваат апсолутно сè. Една од нивните омилени теми е и љубовта, партнерските односи и сексот.

Сепак, љубовните партнери имаат право на приватност и сигурно би се чувствувале лошо доколку споделувате негови интимни тајни со вашите пријателки. Дел од зрелоста е обезбедување дискреција и сигурност на вашиот партнер.

Ова се оние нешта кои никогаш не треба да ги споделувате.

Сексуални несигурности

Според истражувањата, несигурноста на мажите во кревет најчесто произлегува од големината на нивните полови органи. Ако знаете дека не е задоволен со своето тело, треба да му помогнете да си ја врати самодовербата. Ако ги откриете неговите најголеми тајни пред вашите најдобри пријателки, тоа сигурно нема да му помогне.

Голи фотографии

Многу парови ја будат страста, споделувајќи интимни фотографии. Но, мора да се знае дека овие фотографии се создадени исклучиво за ваши очи и ваше задоволство. Без разлика на тоа колку сте блиски со вашето женско друштво, не треба да ја занемарувате вашата почит кон партнерот поради тоа.

Секс, љубов, пар
Фото: Tom Merton / Caia Image / Profimedia

Фетиши

Фетишот е сексуална желба што треба да остане во спалната соба. На пример, ако вашиот партнер ви признал дека има фетиш за стапала, а тоа не ви се допаднало, не треба веднаш да ѝ се јавите на вашата пријателка и да ѝ кажете колку е чуден вашиот партнер. Обидете се прво да разговарате со него за тоа и да му кажете кои се вашите граници.

Сексуална историја

Во природата на секоја жена е да сака да знае со колку и со кои жени бил нејзиниот партнер. Мажите обично не сакаат да зборуваат за тоа, но некои од нив можеме да ги убедиме да ни кажат нешто од нивното сексуално минато. Ова е информација само за наши уши, која им припаѓа на неговите блиски, па не би било во ред да ја сподели со неговите пријатели.

Лош перформанс

Без разлика на тоа колку силни се нашите чувства кон партнерот, понекогаш работите едноставно не функционираат под чаршафите. Доколку чувствувате дека партнерот не може да ве задоволи, треба отворено да му кажете и да поработите на искрата која е потребна за добар сексуален живот. Дефинитивно, не треба да го споделите тоа со вашите пријателки. Пред сѐ, поради неговата приватност, но и поради фактот што овој проблем можете да го решите само со партнерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот