Десет бизарни начини и околности како умреле римски имератори

римски император

Погледајте ја листата на десет најчудни начини на кои умреле римски императори, селекција на сајтот „History of the Ancient World“.

Убиени, загинати во битка или извршено самоубиство – за многумина од 77-те римските императори кои владееле во периодот меѓу 27 п.н.е. и 476 н.е. владеењето нема да трае долго. Дури 33 од нив умреле трагично, а некои од нив дури и бизарно.

Погледајте ја листата на десет најчудни начини на кои умреле римски императори:

Валеријан

Владеел од 253 до 259 година. Поразен е во битка и заробен од страна на персискиот крал Шапура I. Според еден извор персискиот крал го понижувал и на крај го погубил така што на имераторот му е исуриле растопено злато во грлото.

Јовијан

Владеел осум месеци, помеѓу 363 и 364 година. Постојат две верзии за неговата смрт – според првата Јовијан се задушил во својата соба по испарување на јаглерод моноксид од јаглен, а според втората умрел од труење откако изел отровни печурки.

Тиберије

Владеел од 14 до 37 година и изгледа умрел како последица на болест во својата 77 година. Неговиот правнук, Калигула, бил уверен дека станал владетел по неговата смрт, меѓутоа во еден момент Тиберије се повратил од несвестицата и дури и побарал да јаде. Тоа предизвикало шок кај сите, а во меѓувреме слугата веднаш реагирал – ја зел постелнината од посмртната постела и го задавил.

Каракала

Имератор од 198 до 217 година, познат по тоа што го убил својот брат и совладар Гета откако по неговата венчавка наредил да се изврши масакр над младенците и гостите, и така останал познат по своето сурово владеење. Кога заминувал на пат морал да застане и да изврши мала нужда – момент кој го искористил Јулиус Матијалис, неговиот офицер и личен телохранител кој бил вознемирен по наредбата на Каракала за убиството на братот неколку дена претходно. Ја искористил приликата за освета и го убил имераторот.

Кар

Имератор од 282 до 283 година. Бил наместен со својата војска во близина на персиската граница кога ги зафатила жестока олуја. Гром удрил во шаторот на царот и додека да се појави неговата стража тој веќе бил мртов.

Комод

Имератор од 177 до 192 година. Комод го преименувал градот Рим во Колонија Луција Анија Комодијана и ги променил називите на месеците во годината. На 31 декември 192 некои од заговорниците се обиделе да го убијат затрујувајќи ја неговата храна, но Комод ја повратил. Тогаш ги пратиле неговите партнери во борење во неговата приватна бања каде го задавиле.

Валеријан I

Имератор од 364 до 375 година. Разговарал со пратениците на германските племиња, кои коментирале дека иако е потпишан договор за мир сепак нивните луѓе може да ги нападнат Римјаните во секој момент. Тоа го разбеснил Валеријан толку многу така што додека гневно викал на нив дошло до пукање на крвен сад во неговата глава што предизвикало смрт.

Нерон

Император од 54 до 68 година. Нерон е познат по својата тиранија и екстраваганција. Кога е соборен од власт, Сенат пратил луѓе да го уапсат, Нерон се обидел да си го одземе животот но не можел. Го замолил својот личен секретар Епафродитос да го убие. Нероновите последни зборови биле: „Каков уметник умира со мене!“

Карин

Император од 282 до 285 година. Се смета за еден од најлошите владетели во римската историја. Постојат неколку верзии за неговата смрт. Според една од нив убиен е од страна на еден од неговите офицери затоа што ја завел неговата жена.

Веспазијан

Император од 69 до 79 година. Додека умирал како последица од болест им рекол на своите слуги да го исправат велејќи: „Цар треба да умре на нозе“. Неговите последни зборови биле: „Мислам дека станувам бог“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот