Дервиши: Македонија направи повеќе компромиси од која било друга земја во регионот

Република Северна Македонија во текот на својата 30-годишна историја од независностa докажа дека може да помине низ потешки ситуации од спорот со Буграија, оценува аналитичарот од Тирана Лутфи Дервиши, додавајќи дека за разлика од Скопје, коe има потешка задача, Тирана треба да исполнува тековни услови.

– Надминувањето на ќор-сокакот од скоро три децении со Грција ни покажува дека решението е можно дури и кога се чини невозможно. Проблемот со Софија е релативно полесен од оној што постоел со Атина. Во меѓувреме, Македонија направи повеќе компромиси од која било друга земја во регионот на нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции, друг компромис би бил последниот камен што ја спречува да pa го отвори патот за преговори со ЕУ – вели за Слободен печат, Лутфи Дервиши, аналитичар и добар познвач на регионалната политика.

Случајот со Албанија, додава тој, е малку полесен.

– Тирана  мора да докаже дека одржува избори без проблеми и дека ќе продолжи да ги исполнува условите утврдени од Европскиот совет. Парламентарните изборите се очекуваат со загриженост поради проблематичната историја со нив во минатото – истакна Дервиши.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот