Дерматолози советуваат кои три делови од телото треба да ги миете секој ден

Unsplash
Unsplash

Веројатно се прашувате дали секојдневното туширање е неопходно? Всушност, експертите советуваат дека не мора често да правите пилинзи за целото тело. Има и други начини како да го контролирате мирисот на вашето тело.

За повеќето луѓе, дневниот туш е добар под услов да се избегнуваат агресивните практики за чистење на телото“, вели докторката по дерматологија Мелиса Пилијанг.

Unsplash

Но, општо земено, експертите препорачуваат туширање само неколку дена во неделата или на секои два до три дена, со цел да се избегне отстранување на природните масла на кожата и нејзино сушење.

Отсекогаш сум велела дека е добро да поминете неколку дена без шампон“, вели Али Веб, професионален фризер и основач на „Dry bar“.

Unsplash

За нормална коса во однос на маснотија и средна должина, јас понекогаш им кажувам на моите клиенти да издржат колку што можат подолго без шампон“, вели Али.

Според д-р Сенди Скотнички, доцент по дерматологија на Универзитетот во Торино, секој човек треба да се фокусира на три клучни делови од телото. Честото „чистење“ на телото „од глава до пети“ може да предизвика сериозни проблеми како егземи – воспаленија кои предизвикуваат чешање на кожата.

Делови од телото кои треба најчесто да се мијат се пазувите, препоните и стапалата.

Unsplash

На вашите нозе им е потребно редовно миење затоа што имаат тендеција да собираат нечистотија доколку сте боси, а исто така познато е дека тие акумулираат влага што се размножува кога се подолго време во чорапи или чевли, затоа е многу важно да ги исушите темелно после миење.

unsplash

На пазувите и препоните им е потребно секојдневно одржување на хигиена поради концентрацијата на потни жлезди кои се наоѓаат во областите каде што е присутен раст на влакна. Жлездите произведуваат млечна безбојна течност како резултат од стрес, а таа течност кога се меша со бактериите на вашата кожа честопати предизвикува непријатен мирис.

unsplash

Воедно, треба многу да се внимава со користењето сапун, особено кај жените затоа што може да ја „исфрли“ нормалната „pH“ вредност на вагината и да го стимулира растот на штетни бактерии, затоа не заборавајте дека одржувањето на хигиена на гениталиите треба да биде исклучиво површинско.

Внимавајте со сапунот или геловите за туширање во интимните предели“, вели Тами Роуен, медицинско лице од „UCSF Medical Center“ посочувајќи го примерот дека тоа е исто како да ја миете устата со сапун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот