Деркоски: Гласачите од Пустец веројатно се уште се во избирачкиот список

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија Оливер Дерковски.

Во избирачкиот список веројатно е дека сè уште се наоѓаат гласачите од Пустец, сè додека ја имаат личната карта и пасош, вели Оливер Деркоски, претседател на Државна изборна комисија (ДИК) во неделното интервју на РСЕ.

На прашање дали МВР или Обвинителство до вас поднеле некаква претставка или барање, Дерковски вели: „Не, не ни можат и не треба да поднесат, затоа што тие треба во своите постапки доколку утврдат вина при издавањето на таквите лични документи, во тој случај треба да му наредат на органот што издал такви документи да ги поништат. Во ниедна друга ситуација не може да бараат од нас или од било кој друг да се спроведе било каква постапка. Да се разбереме тие граѓани имаат наше државјанство, и тие како и сите други граѓани кои имаат наше државјанство имаат право на глас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот