Депресијата може да се види во очите: Колку е потешка состојбата, помалку се шират зениците

Фото: Пекселс/ lisa-fotios

Кога ќе видиме пари – за околу шест секунди зениците се шират во исчекување, бидејќи мозокот мисли на наградата. Но, тоа чувство на исчекување на наградата – и придружното проширување на зеницата – недостасува кај многу луѓе со клиничка депресија, покажува нова студија. Колку е потешка состојбата, толку помалку се шират зениците.

„Намалениот одговор на зеницата беше особено забележлив кај пациентите кои повеќе не можеа да чувствуваат задоволство и ја губеа енергијата“, вели првиот автор и научник за податоци Енди Брендлер, пренесува „Саенс алерт“ (Science Alert).

Проширувањето на зеницата е дел од одговорот на нервниот систем на стрес или возбуда. Се активира кога дел од мозочното стебло произведува невротрансмитер норепинефрин.

Кај луѓе со депресија кои доживуваат анхедонија – чувство на емоционална тапост и недостаток на радост – недостатокот на проширување на зеницата може да укаже дека ова наградно коло во мозокот е засегнато.

„Ова откритие значи и ни помага подобро да ги разбереме физиолошките механизми зад безволноста“, вели Виктор Спормејкер, психолог и истражувач во Институтот за психијатрија Макс Планк во Германија, кој исто така учествувал во студијата.

Околу еден од десет луѓе во светот страда од депресија, но не постојат одобрени биомаркери за болеста. Обично се дијагностицира со помош на проценка на однесувањето, а следењето на функцијата на очите може да биде корисно како клинички тест за класификација на луѓето со депресија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот