Денеска во Битола протест за поддршка на Ламбе

Протест за Ламбе, Фото: Фејсбук

Во Битола денеска, во организација на партијата Левица, во 18 часот ќе се одржи протест за поддршка на пејачот Ламбе Алабаковски.

Алабаковски се наоѓа во осумдневен притвор за пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Според реакциите на граѓаните, се очекува голема присутност.

„И јас сум Ламбе“ e главното мото на социјалните мрежи каде јавноста изразува силна поддршка за македонскиот пејач. Дел од нив не го оправдуваат делото, но голем дел го поддржуваат, како што посочуваат, „поривот на Ламбе Алабакоски да го изрази својот револт за состојбата во која се наоѓа македонскиот народ“.

Социјалните мрежи „вријат“: Бугарите го нападнаа Ламбе, Македонците прават „мимови“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот