Денеска ќе биде изречена пресудата за Јанакиески и останатите обвинети во „Насилство во Центар“
Денеска напладне ќе биде изречена пресудата во случајот „Насилство во Центар”, каде е обвинет поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Тој во вчерашниот завршен збор ги отфрли обвинувањата и побара ослободителна пресуда.
– Новиот обвинител предлог мене ме загрозува. Во изминатите четири години се обидував да ја докажам мојата невиност. Пред кого и во која фаза јас да докажувам дали сум бил или не близок соработник на Никола Груевски, изјави во својата одбрана Јанакиески.
Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески во „Шамарите од Центар“
Тој рече дека се чуди што ОЈО тврди дека бил еден од блиските соработници на Груевски што не било вистина.
Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески во „Шамарите од Центар“
– ОЈО да го повлече обвинението пред судот да донесе ослободителна пресуда. Делото за кое е обвинет Миле Јанакиески не е кривично дело според Законот. Во обвинителниот акт нема ниту еден доказ за тоа дека тој сторил некакво кривично дело – изјави меѓу другото адвокатот Дангов.
Обвинети во предметот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, Борче Богдановски, Милан Андоновски, Александар Трајковски и уште неколкумина. Според Обвинението, тие се товарат за поттикнување на насилството на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.