Денес продолжува 60. седница на собраниската Законодавно-правна комисија

Собрание, седница/Фото: МИА

Продолжението за 60. седница на собраниската Законодавно-правна комисија е закажано за денес.

Комисијата треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, во второ читање (поднесен од: Дарко Каевски, Лолита Ристова, Марија Костадинова, Жаклина Лазаревска, Бисера Костадиновска Стојчевска, Даниела Колева, Драгица Ѓавочанова, Ненад Коциќ, Арбер Адеми, Вјолца Адеми, Мерита Колчи – Коџаџику, Фиснике Бектеши Шаќири, Кастриот Реџепи).

На дневен ред на седницата е и Предлог законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка, исто така во второ читање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот