Ден на жалост за Медлин Олбрајт утре во Косово

Медлин Олбрајт
Медлин Олбрајт/ Фото EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA

Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи петок, 25 март, за ден на жалост по повод смртта на поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од кабинетот на Османи, се наведува дека, на тој начин, косовскиот народ ѝ оддава почит на „големата пријателка на Косово”, која имаше една од клучните улоги при донесувањето на одлуката на НАТО воено да интервенира против Србија во 1999 година.

„Во знак на државна почит, петок, 25 март 2022 година, се прогласува за ден на жалост во Република Косово, за сеќавање на големата пријателка на Косово, Медлин Олбрајт, која почина вчера. Госпоѓа Олбрајт ја препозна болката на нашиот народ, затоа што и самата ја преживеала персекуцијата уште од детството, затоа застана цврсто против (српскиот лидер, Слободан) Милошевиќ до запирањето на неговиот геноцид во Косово. Го поддржувше без престан Косово до последниот здив и затоа косовскиот народ ќе ја помни вечно”, се наведува во соопштението од кабинетот на Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот