Демонстрантите во Чиле запалија Црква која се користеше од националните полициски сили

фото: Принтскрин

Црквата Сан Франциско де Ворја во Сантијаго е запалена од демонстрантите, кои првин ја демолираа и искршија се што најдоа внатре во неа, пренесе „Дејли мејл“.

Како дел од антивладините демонстрации, незадоволните демонстранти во Чиле ја запалија црквата што се користи од државните авторитети бидејќи во нејзина близина е полициска станица.

Црквата Сан Франциско де Ворја во Сантијаго е запалена од демонстрантите, кои првин ја демолираа и искршија се што најдоа внатре во неа, пренесе „Дејли мејл“.

Ова црква е изграден во 1876 година и беше омилен храм на чилеанските Национални полициски сили.

Полициските сили изразија разочарување од чинот на запалување на црквата од верници од иста религија.

Но, демонстрантите велат дека со палењето на црквата, сакале да се потсетат на сите оние кои биле убиени и повредени од власта.

Протестите во Чиле доаѓаат после најавите во четвртокот дека економската активност во ноември падна за 3.3 проценти, и предвидувањата дека падот на економијата нема да престане.

Во последните две месеци во Чиле се случуваа големи протести во кои животот го загубија 26 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот