Ненси Пелоси се обрати на јавноста од седиштето на Демократскиот комитет за конгресна кампања / 3 ноември 2020 / Вашингтон, ДС, САД / Фото: EPA-EFE/Alyssa Schukar / POOL
Ненси Пелоси се обрати на јавноста од седиштето на Демократскиот комитет за конгресна кампања / 3 ноември 2020 / Вашингтон, ДС, САД / Фото: EPA-EFE/Alyssa Schukar / POOL

Демократите очекуваат Ненси Пелоси да се повлече по изборите во Калифорнија

Демократската партија на Соединетите Американски Држави се подготвува за евентуалното заминување на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. Една од највлијателните политичари во историјата на Конгресот, таа би можела да се повлече од политиката по децениска кариера, според извори од американската Ен-би-си.

Пелоси (85), која го претставува округот Сан Франциско во Конгресот на САД речиси четири децении, се очекува да објави одлука за својата политичка иднина по изборите во вторник, кога гласачите во Калифорнија ќе гласаат за предлогот „Пропозиција 50“.

Предлогот предвидува ново прецртување на границите на изборните окрузи, што, според демократите, би можело да им донесе дополнителни места во Претставничкиот дом на следните конгресни избори.

Повеќе извори од Демократската партија, во Конгресот и во Калифорнија, изјавија за Ен-би-си Њуз дека очекуваат Пелоси да не се кандидира за реизбор во 2026 година.

„Би сакал таа да остане уште 10 години, но мислам дека си заминува. Тоа би било круна на нејзината кариера ако Пропозиција 50 помине“, изјави извор од Демократската партија за Ен-би-си.

Пелоси сè уште не одговорила на номинациите на двајца демократи кои веќе се во трка за истиот конгресен округ.

Портпаролката на Пелоси, Јан Крајгер, одби да потврди дали таа повторно ќе се кандидира, велејќи дека поранешната претседателка е „целосно фокусирана на освојување на гласовите за „Пропозиција 50“ и дека ги повикува сите гласачи во Калифорнија да ја поддржат иницијативата. Пелоси претходно изјави дека нема да одлучи за својата кандидатура пред изборите, велејќи дека усвојувањето на Предлогот 50 е нејзин врвен приорите

За време на нејзините дваесет години како лидер на Демократската група, од 2002 до 2022 година, Пелоси беше позната како исклучително вешт стратег, преговарач и собирач на средства, објавува Новости.

Таа беше првата жена што го водеше Претставничкиот дом и една од највлијателните политичари во модерната американска историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот