Демири: Директорот Шокаровски му врши мобинг на д-р Сашко Јовев

По добивање на неофицијалните податоци за зголемена смртност на Клиниката за државна кардиохирургија, министерот за здравство д-р Илир Демири оформи комисија која ја испитуваше смртноста на Клиниката.

Денеска е добиен официјален извештај од Комисијата.

Направена е статистичка анализа на Хи-квадрат тест и се потврди дека поврзаноста помеѓу двете групи и морталитетот се смета дека е статистички несигнификантен, велат од Министерството за здравство за „Слободен печат“.

Министерот за здравство Илир Демири смета дека професорот Сашко Јовев е обесправен и дека директорот доктор Марјан Шокаровски му врши мобинг.

Молба од министерот Демири до медиумите е да не се искористува транзиторниот период на заминување на министерот за оцрнување на јавното здравство и прикривање на успесите, тоа е единствената институција во која се произведува кадар и сите имаме обврска кон истата. Мислењето на министерот Демири за овие збиднувања е дека крајно се нарушени меѓучовечките односи во истата институција и обесправувањето на професор Сашко Јовев во изминатиот период во кој му се правеше и продолжува да му се прави мобинг од актуелниот медицински директор. Треба што поскоро да му се овозможи на професор Јовев да биде дел од екипите кои оперираат, вели Демири.

„Слободен печат“ располага со информациите за смртноста на Клиниката за кардиохирургија за три месеци. Во јули 2022 година се оперирани 12 пациенти со коронарна болест од кои 6 починале. Во август 2023 година се оперирани 11 пациенти од кои поголемиот дел со коронарна болест и двајца за замена на залисток. Од нив шестмина починале. Во октомври 2023 се оперирани 8 пациенти со коронарна болест и еден со валвуларна болест. Починати се тројца. Од шест пациенти со имплантирани механички срца петмина се егзитирани. „Слободен печат“ од Министерството за здравство преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер го побара официјалниот извештај потпишан од стручната комисија за да добие увид во реалните состојби во детали во поглед на смртноста на Клиниката за кардиохирургија.

Директорот на Клиниката доктор Шокаровски за „Слободен печат“ вели дека откако ќе се врати од пат, ќе ги презентира бројките на смртноста на клиниката како и начинот на пресметување на истата. Смртноста според него е намалена, а обемот на работа е зголемен за 30 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот