Делумно примирје меѓу САД и талибанците

Во текот на седумдневниот период на „намалување на насилството” нема да се извршуваат големи офанзиви.

На полноќ во Авганистан стапи во сила делумно примирје меѓу САД и талибанците, кое ќе отвори пат за повлекување на американските војници и постигнување договор, кој, како што најави американскиот државен секретар Мајк Помпео, ќе биде потпишан на 29 февруари во Доха.

Во текот на седумдневниот период на „намалување на насилството” нема да се извршуваат големи офанзиви.

Договорот за намалување на насилството е резултат на преговорите кои САД и талибанците ги водеа повеќе од една година, а во кои не учествуваа претставници на авганистанската Влада.

Талибански претставници соопштија дека пред потпишувањето на договорот во Доха ќе биде создадена „поволна безбедносна ситуација” и изразија надеж дека документот ќе биде темел за воспоставување мир во земјата и повлекување на странските војски.

Помпео истакна дека мировниот договор на крајот ќе доведе до траен прекин на огнот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот