Делегација од македонски Бугари оди за Софија, ќе бараат поддршка од Радев и Петков

Петар Колев, претседател на Граѓанско-демократската унија/Фото: Скриншот

Во Софија деновиве ќе престојува делегација на Бугари од Македонија, составена од претставници на бугарски организации и здруженија од земјава.

Во бугарските медиуми е најавено дека тие ќе имаат средби со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков, тамошното Министерство за надворешни работи и претставници на политичките партии.

-Нашата главна цел е да ја запознаеме бугарската политичка елита со нашите проблеми и тешкотии со кои се соочуваме во секојдневниот живот во нашата земја. Воедно, отворено ќе ги поставиме прашањата за кои сметаме дека треба да се решат во блиска иднина, изјавил лидерот на ГДУ, Петар Колев, кој ќе учествува на разговорите во бугарската престолнина.

И Бугарите од Македонија ќе ги побараат информациите за преговарачкиот процес меѓу двете земји, бидејќи „тоа директно ги засега и денес и во блиска иднина“.

-Не се работи само за заштита на нашите права, туку и за заштита на нашето културно и историско минато. За минатото на нашите предци. Нема да го пропуштиме прашањето за наше вклучување во Уставот на РСМ – како државотворен народ. За последното прашање „Сакам да појаснам дека не се работи за малцински права, туку за правата на Бугарите од РСМ, додал тој.

Во јануари, претседателот Стево Пендаровски се сретна со делегација од Македонци од македонските здруженија од Бугарија, а средбата беше негативно пречекана од бугарските власти.

Дел од делегацијата македонски Бугари во Софија ќе бидат претставници од културниот центар „Иван Михајлов“ – Битола, здружението „Трибуна“ – Прилеп, здружението „Македонско-бугарско пријателство“ – Скопје, здружението „Коридор 8“ – Скопје, здружението „Интеракција“ – Охрид, здружението „Единство“ -Кочани и ПП Граѓанско-демократски сојуз (ГДУ).

Делегацијата ќе биде составена од Љупчо Георгиевски, Георги Царномаров, Благој Шаторов, Владимир Перев, Атанас Величков, Игор Билбиловски, Илија Стојановски, Александар Димитровски, Димче Петкоски, Георги Трендафилов и Петар Колев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот