Делчев: На кандидатите за полицајци им се давале пристапници за МПС пред да имаат остварено работен однос

На часовите за обука на полициски службеници во Центарот за обука – Идризово административни службеници на МВР, на кандидатите им давале листи за пристапување кон Македонскиот полициски синдикат пред да имаат остварено работен однос, обвини денеска претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП), Гоце Делчев.

Го повика актуелниот технички министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, да испрати внатрешна контрола, како и да го извести Основото јавно обвинителството, бидејќи, како што рече, на овој начин се прави штета на вработените во МВР.

„Тука има одговорност на лица кои се на раководни функции во Министерството за внатрешни работи, кои дозволиле на дел од часовите слушателите да ги запознаваат со работата и програмата на Македонскиот полициски синдикат и им дале пристапници за пополнување, со што на денот кога ќе почнат со работа ја активираат таа пристапница и Македонскиот полициски синдикат за еден ден прави 500 членови“, изјави Делчев.

Тој рече дека во Центарот за обука – Идризово моментно има 80 кандидати за полициски службеници и оти таквиот начин на членство е пракса изминатите десет години.

„Дел од раководството изминативе три дена непрекинато го прават со два тима, конкретно 80 слушатели се на курсот. Дел од обуката е запознавање на т.н. Единствен Македонски полициски синдикат, кој изминативе десет години на овој начин ги направил тие 5.000 членови, кој за мене е криминален начин“, рече Делчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот