Пожар Крањ-Монтана Фото: Скриншот

Декоративни свеќи можна причина за катастрофалниот пожар во барот во Кран-Монтана

Свеќите, забодени во празни шишиња од шампањ, биле закачени премногу блиску до дрвениот плафон, кој лесно се запалил, а огнот брзо се проширил и на подот на барот.

Декоративни свеќи поставени блиску до плафонот на барот се наведува како можна причина за пожарот во барот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, пренесува швајцарскиот весник „Темп“, повикувајќи се на сведочењата на две Французинки кои биле во објектот.

Тие навеле дека свеќите, забодени во празни шишиња од шампањ, биле закачени премногу блиску до дрвениот плафон, кој лесно се запалил, а огнот брзо се проширил и на подот на барот. Како што наведуваат, целиот ентериер бил направен од дрво и пожарот брзо се раширил. Во паника, гостите на барот се обиделе да побегнат низ влезната врата.

– Излезот беше прилично мал со оглед на бројот на луѓе внатре. Некој скрши прозорец за луѓето да можат да излезат, рекла една од Французинките.

Според зборовите на француска двојка која се затекнала на лице место, евакуацијата била многу тешка бидејќи и скалите кои водат надвор биле исклучително тесни, пренесува Би-Би-Си.

– Имавме голема среќа, додале тие, наведувајќи дека „околу 200 луѓе се обидувале да излезат во рок од 30 секунди“.

Обвинителката на кантонот Вале, Беатрис Пилу, претходно денеска изјави дека од почит кон семејствата на настраданите не треба да се даваат никакви претпоставки.

– Чекаме одговори, но нивното пронаоѓање ќе потрае, рекла таа.

Швајцарската полиција наведе дека во пожарот загинале околу 40 лица, додека италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за повеќе десетици. Повеќе стотици луѓе се повредени во пожарот, меѓу кои голем број странски туристи.

Полицијата потврди дека не станува збор за терористички напад.

Меѓу загинатите има луѓе од различни националности, како што веруваат властите, но официјалните лица наведуваат дека ќе бидат потребни недели за тие да се идентификуваат. Медиумите наведуваат дека повеќето од присутните гости биле на возраст меѓу 15 и 20 години.

 

ВИДЕО | Експлозија во бар во познат швајцарски скијачки центар, има загинати и повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот