Декласирани од Унгарија, младинците ќе играат за третото место на ФИБА „Челенџер“

Фото: kfsm.mk

Денеска во полуфиналниот натпревар на ФИБА „Челенџер“ за играчи „Под 20“ години македонската младинска репрезентација во Шопрон загуби со дури 55 коша разлика од домаќинот Унгарија со 99:44.

После двете победи над Луксембург и Романија и поразот од Швајцарија во групната фаза, избраниците на селекторот Тони Симиќ се најдоа во полуфиналето каде што доста убедливо беа надиграни.

Унгарците в недела од 19.30 часот против Белорусија ќе одлучуваат која ќе биде најдобрата селекција во „Д“ групата од ова новоформирано натпреварување на ФИБА.

А претходно од 16.30 часот Македонија за третото место ќе игра против Швајцарците од кои загубија во групната фаза со 65:79.

На денешниот меч домаќинот силно стартуваше, веќе стекна голема позитива (29:10) и брзо го скршија отпорот на нашите надежи. А по 20 минути водеа со недостижни (41:17) и тоа беше најава дека се промовираат како финалисти на овој турнир.

Фото: kfsm.mk

Во првиот дел поентираа само тројца наши кошаркари. Димитровски имаше осум поени, Иванов шест, а Исајлоски уште три поени – премалку за некои поголеми очекувања. За доминацијата на Унгарија на оваа средба сведочи уште еден податок, ривалот имаше дури 37 скока, а ние 14.

Сето тоа беше доволно „причина“ за селекторот Симиќ во игра да ви внесе и играчите кои досега немаа преголем број на минути на турнирот, како Ѓорѓиев, Мирковски и Груевски.

Кај стрелците во нашите редови најрасположен беше Љубиша Димитровски со 18 поени (девет скокови), а кај противникот 15 поени беа дело на Тамас Ото Палаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот