Дејвис го смени клубот, но за Вашингтон ќе дебитира дури наредната сезона
Кошаркарот на Вашингтон Визардс, Ентони Дејвис, нема да се појави на паркетот до крајот на тековната НБА сезона. Раководството на неговиот нов клуб одлучи да не ризикува со неговата состојба и целосно да го насочи кон процесот на рехабилитација, со цел да биде целосно подготвен за настапите во следната сезона.
Препорачано
Американските медиуми пренесуваат дека проблемите со раката и препоните ќе го држат Дејвис надвор од терените во наредниот период. Искусниот центар во Вашингтон пристигна во самиот финиш од „трејд-рокот“ од Далас маверикс, во голема размена во која Визардси ги добија и Џејден Харди, Ди’Анџело Расел и Данте Егзум. Во спротивна насока заминаа Крис Мидлтон, Еј-Џеј Џонсон, Тајус Џонс, Марвин Бегли и драфт компензација.
Сепак, неговиот престој во новата средина остана во сенка на честите повреди. Дејвис настапи на само 20 натпревари за Далас, иако таму пристигна во директна размена за Лука Дончиќ и требаше да биде негова замена.
Далас повторно шокираше – го размени човекот кој дојде да го замени Дончиќ


