27 април EPA/MAJA ZLATECSKA

Дејан Давидовски-Дешо баран за настаните од 27 април се предал на ГП Деве Баир

На Граничниот премин „Деве Баир“ денеска во 10.30 часот на влез во РСМ, се пријавил Д.Д. (43) од Скопје, потврдија за МИА од МВР.

– При редовната пасошка контрола е констатирано дека евидира на стоп листата со мерка „лиши од слобода“ за кривично дело по член 313 од КЗ и за кој од страна на Основен суд Скопје 1 на 18.12.2017 е одредена мерка притвор, по што лицето е лишено од слобода, појаснуваат од МВР.

Медиумите објавуваат дека Дејан Давидовски-Дешо, кој беше баран со меѓународна потерница за настаните во Собранието од 27 април, по седум години во бегство, на ГП „Деве Баир” на влез во РСМ од Бугарија се предал на македонските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот