Дедо, баба и вујко изгладнувале и тепале 12-годишно дете до смрт

Дедото, бабата и вујкото на Џејмс Алекс Харли (12) се обвинети за негово убиство. Полицијата пронашла докази дека тие го мачеле детето.

Џејмс последните две години живеел со дедо му и баба му и со нивниот 14-годишен син. Снимките од мобилниот телефон покажале дека го терале момчето да прави склекови, да стои голо пред вентилатор, го прскале со спреј со непознат состав и не му давале храна.

Секојдневното малтретирање што траело две години довело до смрт на момчето. Освен неговото семејство, полицијата уапсила и уште еден маж, кој се појавил на снимките како го тепал Џејмс со весло. Аутопсијата на телото на детето докажала дека тоа починало од удар во задниот дел на главата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот