Деца со попреченост чекореа на модната писта

Фото: МИА

Во пресрет на Светскиот ден на лицата со попреченост вчера во Струмица, во Хотелот „Сириус”, се одржа модна ревија на лица со попреченост под мотото „Убави сме, свои сме”. Тие продефилираа низ импровизираната модна писта со креации кои специјално за нив ги изработија и обезбедија модни креатори и бутици.

Триесет и три деца и младинци од повеќе градови од Македонија чекореа заедно со градоначалниците на Струмица и Валандово, Коста Јаневски и Перо Костадинов, членови на Советот, познати лица од естрадата, спортот, бизнисот и претставници на различни граѓански организации.

На ревијата присуствуваше и сопругата на претседателот на Владата,Зоран Заев, Зорица, која ја пренесе поддршката и поздравите од нејзиниот сопруг.

Манифестацијата ја организира Здружението „Вера” од Струмица.

-Ова не го правиме оти имаме бенефит од тоа, туку нашите деца и нивните родители да се чувствуваме многу убаво, затоа што животот на семејствата во кои живеат лица со попреченост не е едноставен, Вакви настани нам, на родителите, многу ни значат, посебно кога се посетени од голем број поддржувачи, рече Анче Туфекчиева, од Здружението на деца со Даунов синдром „Вера” од Струмица.

Присутните ги поздрави и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој истакна дека наредните години ќе се направи уште повеќе за она што секогаш сака да го означи брендот на Струмица, а тоа е да биде грижлив град

Модната ревија на децата со попреченост се организира по трет пат во Струмица и привлече голем број на граѓани од повеќе градови од земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот