Деблокада на Суецски Канал: Над 400 бродови на готовс да продолжат со пловидба

Фото: EPA-EFE/SUEZ CANAL

По шестдневна блокада повторно е воспоставен сообраќајот преку Суецкиот Канал и првите бродови запловеа од езерото меѓу северниот и јужниот крак на каналот, каде беа блокирани 45 бродови.

– Еден од најголемите светски товарни бродови со контејнери „Ever Given” го блокираше Суецкиот Канал речиси една недела, откако се насука, а денеска е преместен во пловниот дел од каналот и „ослободен” без да биде оштетен, потврди претседателот на Управата на Суецкиот Канал, Осама Раби.

По деблокирањето на 400-метарскиот брод „Ever Given”, утрово се очекува да поминат 113 бродови преку Суецкиот Канал, изјави шефот на египетската служба за управување со водни патишта, Осама Раби. Тој посочи дека 422 брода чекаат да преминат.

Штетата предизвикана од оваа блокада на Суецкиот Канал, низ кој минува и до 20 отсто од светската трговија меѓу Истокот и Западот, се проценува милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот