ВИДЕО | Даштевски: Нема нови проблеми со фингерпринт апаратите, излезеноста до 15 часот е 34,22 %

Александар Даштевски, претседател на ДИК / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

На прес-конференција на претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски соопшти дека до 15 часот излезеноста е 34,22 %, како и дека процесот на гласање се одвива по мирен пат.

„Немаме нови пријави за неправилности во некое гласачко место. Откако се решија проблемите утрово со апаратите за отпечаток на прст, немаме нови пријави на нерегуларности.“ вели Даштевски.

Даштевски ги соопшти и општините со најголема излезеност до 15 часот.

„Излесноста до 15 часот е 34,22 %, така што останува истиот тренд. Некои општини каде има најмногу излезеност Вевчани, Ранковце, Демир Капија, Ѓорче Петров, Демир Хисар, Пехчево, Дебар, Лозово, Македонски Брод, Чашка се над 48 %.“ потврди Даштевски.

Најслаба излезеност засега има во Сарај, 16,38 %, што сепак е повеќе од првиот круг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот