Дарко Коцевски е именуван за секретар на општина Тетово на предлог на ВМРО-ДПМНЕ

Коцевски (лево) со сопартијците од тетовската општинска организација на ВМРО-ДПМНЕ / фото: Ангел Карапетров/Фејсбук

За секретар на општина Тетово е именуван Дарко Коцевски. Toj на оваа функција доаѓа од општинската администрација.

Коцевски претходно работел во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Роден е 1979 година и дипломирал на Правниот факултет.

Коцевски на ова позиција доѓа како предлог на ВМРО-ДПМНЕ, кој заедно со Движењето БЕСА и Алијанса за Албанците имаат мнозиство во општинскиот совет на општина Тетово.

Веста на социјалните мрежи ја потврди претседателот на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ и советник во општина Тетово, Ангел Карапетров.

Видео на денот