Дарио Ивановски постави нов национален рекорд на маратонот во Севиља

Фото: Dario Ivanovski/FB

Maкедонскиот атлетичар, Дарио Ивановски на денешниот маратон во Севиља постави нов национален рекорд со време од 2.08.25, сепак тоа не беше доволно да обезбеди норма за Летните олимписки игри.

Ивановски заостана само 15 секунди во трката за олимписката норма, меѓутоа неговиот рекорд секако останува запишан.

Претходниот рекорд исто така беше во сопственост на Ивановски кој во Валенсија на 3-ти декември трката ја заврши за време од 02.11.53.

Со резултатот во Севиља, Ивановски обезбеди норма за настап на Европското првенство на кое Рим ќе биде домаќин во јуни 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот