фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Данскиот капитен Хојбјерг во пресрет на мундијалскиот бараж со Македонија ги мобилизира своите: Неподготвените за предизвикот нека останат дома да гледаат ТВ

Капитенот на данската репрезентација Пјер-Емил Хојбјерг со изјава за данските медиуми уште отсега ги мотивира своите соиграчи за баражот

Во фудбалската репрезентација на Данска се уште не можат да прежалат тоа што директно не се квалификуваа на Мундијалот идното лето, туку ќе играат бараж во кој првата пречка им е Македонија.

Мечот се игра во март, но капитенот на данската репрезентација Пјер-Емил Хојбјерг со изјава за данските медиуми (campo.dk) уште отсега ги мотивира своите соиграчи за баражот.

– Оние кои не се подготвени за предизвикот или немаат смелост, треба да се јават кај тренерот или да останат дома и да гледаат телевизија – вели тој.

Хојбјерг смета дека задачата на данскиот тим да се квалификува на Мундијалот во САД, Канада и Мексико ќе биде тешка.

– Имаме прв натпревар во март на кој мора да победиме. И ако го добиеме тој меч, мора да го добиеме и натпреварот потоа. Не е невозможна задача, но ќе биде навистина тешко – вели Данецот.

Данска ја пречекува Македонија на 26 март, а победникот од тој дуел пет дена подоцна ќе игра со победникот од двојката Ирска – Чешка во финалниот меч од баражот, за да се добие учесникот на СП 2026.

 

Аналитичарите не веруваат во нас: Македонија има најмали шанси преку баражот да се пласира на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот