Данев: Заев не исполни едно од најважното ветување, за платите на граѓаните

Во однос на платите на наставниците, за кои ветуваше Заев во 2016 година, наставниците бараат едно, а тоа е да се почитува законот и колективниот договор, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на денешната седница за пратенички прашања.

– Да се покачуваат платите на сите вработени во јавната администрација, ние ќе ги плаќаме придонесите. Денеска зборуваме за не така мал проект. Се зголемија платите на лекарите, пензионерите. Утре имам состанок со СОКН, ќе видиме што бараат, верувам низ дијалог ќе постигнеме договор – одговори Заев.

Мора да наоѓаме начини, ресурси, како да ги задоволиме, војниците, полицајците, вработените во индустријата, лекарите.

Данев истакна дека Заев ветувал со години, а сепак просечната плата е 25.000 денари.

– Не исполнивте едно од најважното прашање за платите на граѓаните. ВМРО двапати ги зголеми платите и пензиите. 28.875 денари треба да зема плата наставник, според новото законско решение – реплицираше Данев.

Данев налутено реагираше дека премиерот не дава конкретен одговор за платите на наставниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот