Данците во акција за спасување на планетата, ќе складираат CO2 под морето

EPA-EFE/VASSIL DONEV

Данска планира да складира под морето големи количини на јаглерод диоксид (CO2), кој ја загрева климата на Земјата.

Принцот Фредерик даде симболична наредба да почне да се пумпа јаглерод диоксидот во исцрпеното нафтено поле „Нини Вест“ во Северното Море.

Меѓународниот конзорциум, во кој се вклучени хемискиот гигант INEOS и производителот на гас и нафта Винтершал деа, објави дека проектот „Гринсенд“ во данскиот дел на Северното Море ќе биде првиот проект за прекугранично складирање на јаглерод во светот.

Првично, гасот во течна форма ќе пристигнува од фабриката на INEOS во Белгија, а подоцна ќе се складира и јаглерод диоксид од Данска и други европски земји, пренесува Бета.

По пробната фаза, 1,5 милиони метрички тони гас ќе се впумпуваат во шуплината 1,8 километри под морското дно секоја година, а планот е таа количина да се зголеми на осум милиони тони годишно до 2030 година.

Во неодамнешниот извештај на Обединетите нации се наведува дека складирањето на јаглеродот, еден од загадувачките „стакленички гасови“, мора да биде дел од низа решенија за намалување на загадувањето и ограничување на глобалното затоплување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот